Но мошне битно, Куртиал интимно чувствуваше само презир, гадење што скоро и не го криеше... кон сите тие ситни извршители, тие илјадници оптоварувачи на Науката, сите тие залутани помошници, тие илјадници онирични кројачи, мајстори по дома...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Оди по кејовите до Сиресен! Земи брод, ете! Смени си го воздухот!
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Сите тие зашеметени разнесувачи, секогаш без работа, во теснец, без пари, занесениците на „Перпетум”-от на светските нерешливи проблеми... на „магнетната чешма”...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)