7. Невработено лице, во смисла на овој закон, е лице кое: 1) не е вработено; 2) е пријавено во Агенцијата за вработување; 3) е способно и сака да работи; 4) активно барало работа во изминатите 30 работни дена и е на располагање на берзата на трудот да започне со работа во следните 15 дена; 5) не одбило соодветна понуда за вработување и 6) на кое работниот однос не му престанал по негова волја (чл. 53, ЗВОСН) [оваа последна и подвлечена спорна точка, во меѓувреме, е укината од страна на Уставниот суд на РМ со Одлука У.бр. 173/2010-0-1 од 22.VI.2011, благодарение на иниција- тивата од 1.X.2010, поднесена од страна на ДСП „Ленка“ - Скопје и Асоцијацијата „Магна Карта“ - Велес].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во чл. 53 ст. 4 ал. 8 и ал. 9 се дефинира дека како невработено лице 48 Закон за изменување и дополнување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, Сл. весник на РМ, 11/2012. 49 Закон за изменување и дополнување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, Сл. весник на РМ, 114/2012. 55 нема да се смета лицето кое два пати во текот на две години одбило обука, преквалификација или доквалификација на која ќе го упати АВРМ и кое два пати во текот на две години одбило да се јави или да заснова работен однос кај работодавач кај кого го упатила АВРМ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Како невработено лице не се смета лице: – во работен однос; – корисник на пензија; – врши- тел на занаетчиска, односно професионална дејност; – сопственик или основач на трговско друштво, претпријатие и друго правно 70 лице; – вршител на земјоделска, сточарска или друга дејност; – кое не прифаќа обука, преквалификација или доквалификација на која ќе го упати Агенцијата или одбие да се јави или одбие да заснова работен однос кај работодавецот кај кого го упатила АВРМ; – кое работно е ангажирано или врши дејност, спротивно на закон (чл. 54, ЗВОСН).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Конкретно, во поглед на прашањето за кои лица се однесуваат одредбите на овој закон, со првата измена и дополнување на ЗВИЛ, од 2004 година, беше прецизирано дека за инвалидни лица, во смисла на овој закон, ќе се сметаат лицата со оштетен вид, оштетен слух, со пречки во гласот, говорот и јазикот, телесни инвалидни лица, лица со лесни пречки во психичкиот развиток, лица со комбинирани пречки и лица со психози кои поради степенот на инвалидност имаат специфични потреби во работењето (чл. 2, ЗИДЗВИЛ/04).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
По иницијатива поведена од Движењето за социјална правда „Ленка“, со одлука на Уставниот суд од 22.06.2011 година47 се укина чл. 53 ст. 1 ал. 6 од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност која како невработено лице во смисла на овој закон го смета лицето на кое работниот однос не му престанал по негова волја.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)