Меѓутоа, набрзо увидел дека опиумот не само што ги смирува болките туку и предизвикува 146 Margina #8-9 [1994] | okno.mk состојба на еуфорија, поради што уште повеќе се врзал за оваа дрога за која во почетокот многу малку знаел.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Сега Хера не одеше повеќе на лекар да ја лечи главоболката, како што тоа порано го правеше, пиејќи разни лекови кои во почетокот ѝ ја смируваа болката, а подоцна не. Ѝ правеа разни проверки на крвта, урината, шеќерот, ѝ ги испитуваа бубрезите, срцето, притисокот; ѝ советуваа да не се преморува во работата, повеќе да се одмара, да избегнува потиштеност и затворање во себе.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)