И велам, си велам јас, кога си помислувам за нив, колку повеќе нив си ги спомнувам, толку повеќе ги сакам, копнеам и болам, се топам и смрзнувам и се губам во мислата во која е собрано се она што беше куќа и сите во неа, што беше семејство и родбина, нива, лозје, градина, смеење и тажење, радости, болка и фален да е Господ Бог, затоа што се ни даде!...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кога сакаш да си буден, сонот некако полесно ти капе леплива смола меѓу клепките, кога зеваицата ќе почне да се реди од човек на човек, по снагата се разлева топлина, недовршена мисла се смрзнува и остава зад себе празнота.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Господарката на северните снегови и шуми продолжи: „Во јужниот свет постои една изрека „Покрај сувото – гори и зеленото“ Ова, преведено на наш јазик значи: „Покрај смрзнатото смрзнува и несмрзнатото“.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)