Тие собрале пари и купиле маринирана јагула.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Мирчевица си ја поткасна долната уста кога ги собра парите од децата и золвичињата и ѝ стана јасно дека овие не се обични трговци на свињи, брави и овци, како што ја маслосуваше Мирче.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- И дојде еден бугарски офицер од селото и ни рече да собереме пари, по три златни лири на куќа да му собереме за да нѐ води во Бугарија.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Му собравме пари и нѐ поведе. Заминавме две планини и во третата него го снема.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А кога дојде свети Атанас зимен и Спасовден, Стале од двете најблиски и најголеми села, не само што собра пари за два манастира, ами направи веќе и булук од 150—200 овци и кози, подарени „за здравје“ и три четири телиња, една две крави за домазлак на манастирот, та дури и една кобила и пет кошари пчели.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
XV Китан правеше напори да собере пари за да вложи кауција во судот за да дојдат експерти од Факултетот во Белград за да се направи сондажа на тлото од куќата, но никако не можеше да собере толкава сума.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Кафеаната секогаш беше преполна: влетуваа во неа Ѓупките со дајрињата в рака, пееја, се виткаа, ја тресеа снагата; гледаа луѓето ококорени во нив, пуштаа раце кон нив да ги фатат, да ги штипнат, но тие како јагули се извиваа и избегнуваа од дофатите; кога ќе им ги собереа парите на луѓето, излетуваа надвор без поздрав, без збогум; утредента пак влетуваа со тие опојни песни и со тоа лудо тропање со дајрињата што свеста ја земаа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И сите се загрижија како ќе го префрлат вечер ридот, а да не бидат ограбени, зашто не беше редок и случајот да ги врбуваат овие јавни качаци – (прилепските бегови) мирните селани, особено оние од Мариово, кои уште немаа над себе никаков бег да ги штити, та на враќање да им излезе на патот во планината Слива или Писокал, да им ги соберат парите што ги добиле за продадената стока, па дури и да напакостат – убијат или пленат – по некој помлад човек.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)