собере (гл.) - храброст (имн.)

Ја гледаме јаболкницата погледи ни мами, иста мисла не мачи, Но, кој да собере храброст да се качи?
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Тој ден квечерината, беше сабота, и јас собрав храброст да видам што се случува.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Крајно некултурно и нецивилизирано е да се однесуваат на овој начин, па, иако не е во мојот нарав, собрав храброст вербално да го решам случајот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- Сеедно, влезете! - Ѓорѓија едвај собра храброст да ѝ ја упати оваа покана.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ајде! - викнаа во ист глас Бистра и Миле.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се налутив. - Добро Мони, не е фер, - собрав храброст да ѝ кажам, ама тивко за да не чуе Јасмина, - нели јас те чекам веќе толку време да се симнеш.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
По долго вежбање и мачни подготовки, Л собра храброст да се појави на аудицијата за најдобар танчер.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Се замисли подлабоко. Седна на брегот до старецот да собере храброст, да го праша што се случува.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Татко кој, во тие критични денови, се држеше настрана од козјото прашање, виде-невиде, собра храброст, успеа скришум да го размени златникот и да купи коза, а му останаа пари и за уште две кози.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)