Додека студот штипеше, тој правеше пепелница за перењето на Калија, а кога лете доаѓаше кај нив самарџијата Димо, и на тремот со сватот Пајко се натпреваруваа во надјадување лубеници, Бошко беше тој што со мрморливо уживање ги гледаше и веднаш трчаше да ги собере расфрланите корки и резенки.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Дури подоцна истиот ден некој ја нашол маската натоварена како си пасе, ги собрал расфрлените работи и кога тргнал надолу кон селото, детето почнало да плаче од вреќата и така дедо Стефан останал жив и здрав.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)