Владиката сиот тресејќи се од страв, се симна на кулата, си ги собра своите, ги натоварија своите убиени на коњи и по Пазарџиски Пат, од кај Алилово, ја спраштија назад во Битола.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Еве го прочуениот Толе Паша пред тебе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Да му се загнеме по нив и да ги оплескаме по Топли Дол, — им советува коџабашијата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И со тие мисли веќе се приближија до кладенчето, каде Петре ги собра своите дванаесет души четници и застана пред нив да го дочека парламентарот Шаќира, a со него и арамбашата на легендарната арамиска дружина — Толе Паша.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И сега ќе си одат во Битола, ќе соберат свои луѓе и ќе дојдат да го опљачкаат селото.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Додека Тејлор висеше на него, типот извади нож.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Никој не се помести, сите беа премногу исплашени за да направат било што, освен, секако, Пол, кој веднаш почна да му зборува на типот дека полицијата ќе дојде веднаш бидејќи сигурно го чуле истрелот, но типот му одговори дека му е сеедно и дека нема да си оди додека не ги собере своите 500 долари - а тогаш погледна наоколу и рече дека ќе ја понесе филмската опрема и еден заложник.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Одненадеж, Тејлор скокна врз него. („Имав впечаток дека скокам на челична статуа. Толку беше јак“, ми рече подоцна Тејлор).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Последна го собра својот ранец.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Него Турците го натерале да стане комита и потоа, откако ја собрал својата мала чета, и војвода станал.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Подзамижал, во себе се скрил, се засолнил, се замислил, го собрал своето знаење во зрно, во јадро, кадро да експлодира со невидена енергија.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во таа грозна ноќ Белото јоргованче попусто се обидуваше да ги собере своите цветови и да ги затвори во пупките.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Откако го собраа својот богат лов, другарите го свртеа чунот за назад.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
„Партизан“ го нарекоа киното кое се прочу не толку по прикажувањето на советските воени филмови, туку по тоа што тука Захаријадис од сите источни земји собра свои поклоници и ја формира народно – ослободителната и револуционерна организација на Славомакедонците и ја нарече ИЛИНДЕН.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сака да си ги собере своите фисирани елементи и со цела енергија, нерастурена во просторот, да влезе во принцот чиј чекор е како на jankie cowboy натрипан на ХЕРОИН.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Кога запре кај автобуската станица на патот, долго време не смееше да се сврти назад, да види кој е зад неа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И таа бегаше и збиваше не знаејќи како да си ја собере својата испокината душа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Колку ќе се успокоиме кога камените ѕидови ќе нè разделат од калешава...’ А најмладиот се вратил под својот шатор, пеплосан и помирен со судбината, како човек кој на својот пат ја сретнал Смртта лично, со коса на рамо, како кога оди да ја собере својата жетва.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Жената на средниот брат ја наполнила тавлијата со алишта и тргнала, па клекнала пред жената на најстариот: „Сестро, ѝ рекла, сестро мила, денес јас сум редница, мене ми е редот да им однесам храна на мажите, арно ама маж ми ми рече оти ќе ме убие ако не му ја исперам преслеката, а тавлијава ми е полна, дури и преполна.“
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во таа грозна ноќ Белото јоргованче попусто се обидуваше да ги собере своите цветови и да ги затвори во пупките.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)