Кога заѕвони шината и луѓето почнаа да застануваат во редици пред казаните таа, држејќи во обете шепи сливи што ги собра вчера, со растреперен чекор, со образи облеани во солзи, оди од жена до жена, од маж до маж и моли: - Земете, добри луѓе, каснете, каснете за душата на Ристо, син ми...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)