Доста му намигна на Илка да се согласи и овој рече два-три збора: — Море, ами нека ти е жива, брату, лели си кандисал да си земаш беља на глава.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Укажа и на мислењето на рускиот цар Николај II, кој во тоа време изрично барал од Конференцијата на амбасадорите манастирот Свети Наум, како словенско светилиште, да му се додели на Кралството Србија, а со што се согласила и Австро-Унгарија...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Филозофот се согласи и потем побара да го повикаат и Лествичникот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Земанек се согласи и ние следните месеци редовно со газдата одевме на тренинг.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Меѓутоа, Централниот комитет со тоа не се согласил и „сакаше да земе сѐ во свои раце и да осуети секаква акција во неговото седиште“.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Се согласив и појдов со нив очекувајќи ја оваа голема акција со возбуда. Па... станував Црн брат.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Баба ми се согласи и се договоривме заработувачката да ја делиме на половина, а во бизнисот да го вклучиме и дедо Борис, кој ќе ги наплатува влезниците.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Еднаш тоа се согласи и јас го поведов по темната улица до отворениот прозорец на оној што го демнев.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Со таа идеја искрено се согласи и самиот свети Ксавиер, кој претпостави дека овој член на неговата дружина сака да го воведе во Јапонија одгледувањето на западните лековити билки.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Дури на прашањето од свети Ксавиер, врагот само се усмевна, не удостојувајќи го со одговор.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Но ќе влезете во најобична заблуда ако помислите дека таа спокојна атмосфера влијаеше врз врагот како смирување.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Единствената причина што врагот, кој толку ја мразеше работата што сестрата на Иван еднаш добро го искара затоа што нема плуски на дланките, се согласи и понатаму да ѝ аргатува на дуријата, лежеше во неговото очајничко решение да го истера моралниот дремеж што се закануваше да го надвие.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)