Ти ги љубам градите кротки на кои лежи студена жолтата каверна на ноќта да ти ги покренам двете гранки безлисни Слези подлабоко од тревите под нас е сѐ жолто Се нуркаме во заедничките длабочини по смислата на оваа долга ноќ што нѐ соединува во нашата брза љубов Што сме ние двајцата што крадеме од тишината кога молчат сите прозорци жолти Дали да се вратиме во нив како сомнамбули со парче смисла во очите Или да се препуштиме затворени во ова длабоко нуркање сред ноќта што нѐ открива со една утеха за сите мртви шумови што молчат од прозорците над тревите жолти
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Двете фигури што наликуваа на две големи кнедли почнаа да се соединуваат во нешто што наликуваше на големо кравјо виме, кое набрзо се крена во воздухот и молскавично се изгуби зад хоризонтот.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Кога неговите очи ќе се загледаа во моите, и моите во неговите, неговиот поглед не паѓаше надолу, по мојот врат, по моите гради, кон моето меѓуножје, ниту пак мојот поглед паѓаше по неговиот врат, по неговите гради и подолу.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Бевме во добата на невиноста. Неговата и мојата невиност се допираа како два меура од сапуница кои, наместо да се пукнат при допирот, се соединуваат во еден.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)