Ниту во едниот ниту во другиот случај не се работи за прашање на секс; во обата случаја се работи за прашање на културни норми.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа создава етика на лична и колективна репродукција, имплицирајќи насоченост кон иднината.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-луѓето денес честопати учествуваат во хетеронормативноста токму во таа смисла – било затоа што многу сакаат, било затоа што се под притисок да се сообразат со единствениот модел на достоинствена човечка интимност кој го крепи хетеронормативноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа отелотворува имагинативна структура што му дава значење на обликот на поединечно постоење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто она што го подразбира хетеронормативноста не е само нормативноста на некоја конкретна сексуална практика туку и нагледноста и очигледноста на стилот на општественото постоење што со себе носи неприкосновена престижност и нормативна моќ.
Хетеронормативноста го претставува повластувањето на нормативниот хоризонт на очекувања за човечки процут.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)