Сара го прашуваше Зигмунд за него самиот, за студиите, за неговите пријатели, за тоа што сака да направи утре, а што по десет години, а тој кажуваше дека сака да ја разгатне загатката на човечкото суштество – сакаше да знае од што се раѓаат љубовта и омразата, што е она што ја создава желбата, како се придвижуваат мислите; “Можеби не треба да ги знаеме тие нешта,” велеше Сара, и минуваше со дланките по нозете, по фустанот кој ги покриваше металните апарати.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
По нивното запознавање јас никогаш не зборував со Сара за брат ми, ниту со брат ми за Сара; само чувствував колку исчекуваа да дојде среда, денот кога нашите врсници се собираа во салонот на Берта, а Зигмунд и Сара остануваа уште долго во нејзината соба, и јас останував покрај нив, како сведок на она што го премолчуваа, и кога знаевме дека собирот во салонот на Берта привршува, тој, таа и јас се качувавме на горниот спрат, се поздравувавме со гостите, го слушавме благиот прекор на Берта што не сме ги удостоиле со своето присуство. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)