Во постојаните интеракции меѓу доминантните економски структури и публиката се создаваат низа можни значења, што уште повеќе оневозможува да говориме за некакви едноставни, предвидливи ефекти.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Како моќен доказ за тврдењето дека на крајот луѓето се оние што одлучуваат кои културни артефакти ќе ги изберат меѓу понудениот репертоар, често го наведуваат податокот дека и покрај екстензивното огласување на пазарот пропаѓа 80 до 90 отсто од новите плочи и филмови.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Така се создава низата на животот во која низа таа само уште наредново лето ќе биде слободна како пирнуга, а од следната есен со учење ќе ја надополнува низата.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Пролиферацијата на идентитети создава низа предизвици за некогаш претпоставеното равенство помеѓу нацијата, државата и територијата.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Некои одат дури толку далеку што занесено говорат за некакво субверзивно, герилско делување на публиката, иако воедно признаваат дека на капитализмот од страна на популарната култура, што веќе заради комерцијалната насоченост избегнува секаква радикалност, не му се заканува некаква голема опасност.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Покрај тоа, погранични зони се под влијание на - а понекогаш и ги споделуваат - вредностите, идеите, обичаите и традициите на своите еквиваленти од другата страна на границата: „Границите ги делат луѓето кои живеат на двете страни, кои можеби имале долга историја на културни и социјални контакти, но во исто време тие нив ги обединуваат во искуството на блискост до границата и (делумна) зависност од неа“.70 70 Michiel Baud and Willem van Schendel, “Toward a Comparative History of Borderlands,” Journal of World History 8.2 (1997): 242. 56 6. 1 Привремени народи, раселени заедници Во пост-индустрискиот и сè поглобализираниот свет, веќе не можеме да се потпреме на единството, хомогеноста и заштитата „на дискретно ограничени нации, заедници, држави, идентитети и територии“.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)