1864 година Се зададе облакот а заедно со него и Петар. Тој се пробиваше низ маглата, спуштена над селото, која наликуваше на облак и создаваше слика дека селото е завиткано во облак, или се наоѓа во облаци како некое идилично рајско место. Место кое паднало до рајот.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ништо, па и најголемите убавини во нејзината глава создаваа слика на морбидност.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Алхемискиот симболизам на ѕвездата на восхитувачки начин го содржи многустраниот и драматичен сценариј на свадбеното соединување на Невестата и Ергенот кое се случува во и врз Duchamp-овата глава - за да, за него, живее во духот, додека нам ни останува да гледаме и да разбереме дали е вистина дека “набљудувачите ја создаваат сликата”. L. H. O. O. Q.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Кога Duchamp врз својата глава (алхемиски сад) оформува ѕвезда како симбол на coniunctio oppositorum, тој сликовито го изразува она што Герхард Дорн веќе го сфатил - имено, дека вештината “не може да се разбере со голо око, туку исклучиво со умот.”
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
За него „ако писателите им ја препуштат задачата на политичарите да создаваат слика за светот, тоа би било најболната абдикација во историјата на нашиот род“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Субјектот кој го набљудува светот во мигот кога создава слика за истиот, се впушта во процес на креација.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Не сум сигурен иако знам дека спомнативе нешта се тие непредвидливи ситници што ја создаваат сликата за нашиот живот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тие се таа наша кутра живеачка.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Животот е проба на духовната претстава -Човекот, создавајќи слика, претстава за светот, во животот која е проба на претставата за која не се знае дали и кога ќе се игра, цел живот се обидува да го пронајде најдоброто.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)