Во секој случај, тоа била приказна која ги оправдувала неговите утописки општествени цели.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во психолошка смисла, Бојсовата уметност била некаков вид на компензационо изразување на неговите детски чувства на лична болка.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
А сосема е јасно дека поседувал силно его, дека свесно создавал уметност со голема интелектуална вредност и естетска оригиналност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Значи, таа народна уметност, онака како што ја замислува Партијата на власт, не е ништо друго, туку еден вид специјална културна полиција, која треба да го заштити паланечкиот конзервативизам и духот на простиот, недограѓанет селанец, кој има желба да создава уметност!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Моторот создава уметност на моторите.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Таа, всушност, е суштинска за уметностите – за книжевноста, за креативната и критичка мисла, за културното создавање воопшто.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тој вид практично општествено промислување и вторично обработување што настраните го прават инстинктивно, нужно, е секако корисно за секого и му е својствено на секој уметник, на секој стилист, на секој готвач, на секој богослов, без разлика дали е геј или стрејт.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но тоа е активност на која геј-мажите ѝ се посклони поради особеноста на нивната општествена положба.471
А тоа можеби е причината поради која има толку многу геј-мажи во уметностите и во разни културни професии.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Несомнено, „успокојува тоа што големо мнозинство од гејовите“, како што напиша Едмунд Вајт во 1980 г., „се еднакво филистејци како мнозинството стрејтови“ (еден од благодатите на геј-ослободувањето, тврдеше тој, ќе биде ослободувањето на „многу бездарни души“ од поривот да создаваат лоша уметност, за да се ослободат да си станат водоводџии и електроинженери).472 Но, работата не е во тоа што самите геј-мажи се родени „уметници“, иако сите се отуѓени, донекаде, од необработеното искуство (што може да биде објаснување зошто оние геј-мажи што не се родени уметници сепак чувствуваат настран порив да создаваат уметност, како што приговараше Вајт).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Хомосексуалноста има особен, посебен однос кон културата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)