Маргина 37 99 Во исто време, за ширење на византиското влијание не може да биде одбран кој било, особено кога станува збор за ширење на христијанството меѓу паганските племиња и затоа василевсот Михаил III Палеолог мошне внимателно го одбрал носителот на мисијата - Константин и неговиот помошник и брат, веќе замонашениот Методиј.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Вѕирајќи се низ прозорците надвор, следејќи ги промените во природата, гаснењето и обновувањето, на Мил мислите му шетаат многу назад во времето пред неколку милијарди години кога земјата била пуста безживотна планета: ги гледа во мислите вулканите кои исфрлуваат лава на сите страни распрскувајќи ја како огномет, како некое славје, како некоја радост што таа вжарена магма започнува да ја создава првата жива клетка, првата жива материја на земјата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Во истата година, по неколку месеци откако Његош ја создава првата печатница во Црна Гора (четири столетија и две децении по отпечатувањето на Гутенберговата Библија), Џемс Гордон ја изненадува Америка со дневниот весник New York Tribune, големиот врсник на непознатите Новине хорватске на Људевит Гај.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Веќе поучен од претходните искуства - например, од успешната Хазарска мисија, Константин темелно се подготвува и за оваа, ја создава првата словенска азбука според постоечката грчка, преведува неопходни богослужбени книги и заминува во Моравија.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Малку пред или по вториот Нобелов роденден, во илјада осумстотини триесет и петтата година, завршува гимназија Карл Маркс и Лермонтов им ја подава на рускиот човек и на светот Маскарада.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
По една година од париското издание на Мицкиевичевиот Пан Тадеуш и од Сонетниот венец на Словенецот Прешерн, Неофит Рилски ја создава првата бугарска граматика и ја објавува Јаков Грим својата Германска митологија.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во илјада осумстотини триесет и петтата година, со раѓањето на еден од римските папи Пио (X), (по пет години откако францускиот венеролог Рикор докажал дека луесот и гонорејата се две различни болести), на ватиканската ризница ѝ се бројат или ќе ѝ се избројат околу дваесет илјади дукати како данок од проституцијата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)