создава (гл.) - толку (прил.)

Што сè отфрла човечкото суштество низ сопственото живеење и работење - та да се создава толку многу отпад?!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ниту пак одбрав вака да завршам, овде во овој град, со овие луѓе, со овој талент кој ми создава толку проблеми.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Прифаќањето на Најмила мамичке од страна на машката геј-култура ги поттикнува геј-мажите да ја заземат таа абјектна положба, при што иронично ќе си ја присвоиме, идентификувајќи се со таквата разулавена женственост, истовремено одбивајќи да ја сфатиме буквално – со што ѝ се опираме на склоноста на филмот да ги третира жените како место на некоја чудесна, страшна, демонска другост, како носители на опасна и разорна емоционална претераност која, наводно, им била само ним присушта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ниту, пак, се обидуваше да имитира дрег-кралица кога ја прикажуваше Крафорд, дури ни кога таа нејзина кабуки шминка ѝ го претвори лицето во нешто како маска, ни кога вулканските ерупции на бес, самосожалување, очај и емоционална потреба по правило создаваа толку бизарен и толку недостоинствен телесен израз, што да биде неусогласена со конвенционалното женско отелотворение. Ѝ се оставило на машката геј-култура да ја усвои таа нејзина изведба и ни се оставило да си го запоседнеме за себе тој нејзин спектакуларен неуспех да го додржи сериозниот, моралистички приказ на една длабоко растроена и дисфункционална жена.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Феј Данавеј, од друга страна, не е дрег-кралица.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со други зборови, нема ништо иронично во таа иронија: таа, како што тоа си оди со иронијата, е сосема сериозна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Идеалната љубовна врска што во 1985 година ја опиша во својот роман Сината ѕвезда е врска во која еротската реципрочност создава толку едноставно, топло, природно пријателство меѓу еднаквите партнери што сексот ја добива игралитата дружевност на сеамериканскиот спорт бејзбол.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)