(Нешто слично ми се имаше случено само уште еднаш; имав слаба по математика, во втора година: Земанек ме тешеше, и ми даде една книга под наслов „Космос“, од Карл Сеган; таму се расправаше за нови, незнајни светови; се тврдеше дека секоја секунда изумираат милијарди и се создаваат уште толку нови светови; тогаш за првпат ми стана смешен проблемот што го имав со слабата по математика).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Гледаше како во неговите полузатворени очи се исплетуваат од светлината безбројните игриви виножита: сино-црвени, винено-жолти, лилаво-зелени, со полно усвитени искри, што се менуваа во една бескрајна низалка на боите, создавајќи уште во првиот следен миг нешто сосема ново.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
„Што ми се случило или настојува да се случи, поправо се обидува, како што било тогаш, кога многу микроби би се здружиле во група и би се размножувале создавајќи уште...“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)