Наместо духовното јадро на градот, како силен цивилизациски придвижувач, да се негува и развива, традициите на континуиран радикализам ја уништуваа духовната димензија на поимот град, не дозволувајќи да се создадат институции на јавното мнение што се над политиката и секојдневните притисоци од интерес.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Тој објаснува како се формирале династиите, како тие изградиле институции, како луѓето се преселиле од селските подрачја во градовите, како создале институции на моќ и како постепено династиите се губеле, а се создавале нови.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)