сомнева (гл.) - во (предл.)

Навистина не знам како сум можел да се сомневам во овие луѓе. Освен баџанакот кој исто така е тука.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Мааарк, ќе бидеш ли љубезен, ама те молам тоа е само ситница, ама Маааарк, па ти си злато, јас не се сомневам во твоите способности ...“.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Настанатите промени во корист на НОВ и ПОЈ му предочиле на Черчил дека тие сили ќе бидат одлучувачки фактор во повоеното уредување на Југославија.44 Реалист по своите убедувања а практичар во дејствувањето, Черчил воопшто не се сомневал во она што му било предочено од неговите одговорни лица во однос на Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
И кога, на крајот, ја помоли тој стројничката да нареди таа некако да ја види момата пред стројот, тоа Панде не го стори затоа што се сомневаше во нејзината убавина, а да се увери дали е сè така сигурно, како што му раскажуваше Мискарица, за да испрати после абер во Ресен...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Особено кога е во прашање животот што треба да и го посветиш ти нејзе а таа на тебе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Даскалов навистина се сомневаше во мојата почит кон Ташапомислив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Тоа ми го имаш веќе кажано.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не смееш да се сомневаш во она што и го предлагаш на девојката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
(16 Но дури и да ја прифатиме Дишановата хипотеза, сѐ уште можеме да чувствуваме потреба да ја доведеме во прашање вредноста и/или кредибилитетот на одредена интерпретација - особено ако имаме причина да се сомневаме во способноста на интерпретаторот да ги дешифрира фактите, или ако сметаме дека податоците што тој/таа ги има на располагање се неточни или недоволни. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 117
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Публикациите кои имааат зацртано промовирање на светогледот на тврдокорните бели јапии (Time, Newsweek, New York, New York Times, Esquire, на пример) содржат голем број на темати во кои борбено расположените членови на некогаш заштитената елита си ги кршат главите од бранот на промени, потоа обвинувајќи ги оние кои се сомневаат во системот и кои со тоа, по импликација, ги изневеруваат американските индивидуа­листички вредности.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа што исклучоците се случуват почесто ги прави попредвидливи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога еднаш клиентот ќе почне да се сомнева во предвидливоста на поривот и кога ќе стане посигурен во надминувањето на поривот, тогаш поривот исчезнува.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Јас се сомневам во традици- оналниот либерален обид за преговарање со цел за заедничко собирање на малцинствата врз основа на она што им е заедничко и што е консензуално.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ова особено доаѓа до израз во едно писмо што Дишан ѝ го испратил во 1957 на Американската федерација за уметност од Хјустон: „Гледачот го доведува делото во контакт со надворешниот свет преку своето дешифрирање и интерпретирање на неговите внатрешни квалитети и“, вели тој, „допринесува во креативниот чин“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Рабовите на мојата животна гуња прскаа и јас барав пат да се извлечам од тој задушен правоаголник во кој единствена знаменитост беа петте беспризорни пасторчиња на маштеата судбина и тројцата распеани студенти, од кои еден веќе се сомневаше во животот, во луѓето, во себе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Времето е кратко за да може да се каже се – зборуваше старецот, притоа одбегнувајќи да каже кој е. – Ти немаш причина да се сомневаш во мене.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Час гледа во мене, час на сликата и остава впечаток дека се сомнева во сличноста, а можеби и во пасошот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Четири години пред Фројд да ја забележи и да ја опише генеричката верзија на неговата „семејна романса“ – фантазијата на детето дека оние што го одгледуваат не му се вистински родители и дека вистинските луѓе му се од поблагороден и пораскошен свет од оној на неговото наводно семејство – Вила Катер веќе имала дијагностицирано таков геј-случај кај Пол.257 ‌Раскажувачот на Катер ни кажува дека штом Пол допатувал во Њујорк и си се сместил во Волдорф, мошне бргу почнал „да се сомнева во вистинитоста на своето минато“. ‌Знаел ли тој некогаш за место по име улица Корделија, каде што окапани деловни луѓе го фаќале утринскиот превоз?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најупадливиот и најкарактеристичен израз на тоа чувство на надмоќ е тврдоглавото одбивање да се поверува дека, всушност, си рожба на поединците што тврдат дека ти се родители.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, за разлика од Иглтон, обете школи го наоѓаат ова за разлог да се сомневаат во корисноста на поимот “идеологија” (барем ако се претпоставува дека значи повеќе од “едно множество од лоши идеи”).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Повеќе не можеше да издржи, да верува и да се сомнева во сè овде, да ги слуша луѓето како зборуваат за музика, за филмови, за одмор, додека за сето тоа, за нивниот привиден мир, некаде во планините гине некој друг...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
МЛАДИЧОТ: (Скоро отскокнува од навреденост.) Вие не ме познавате мене и јас со ништо не сум Ви дал повод да се сомневате во мене.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Човекот најмногу не верува кога се сомнева во себеси.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа се сврте кон лекарот: ”Не обрнувајте внимание на ова што ми вика, што не сака да ме види, што се сомнева во мене...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Татко, кој немаше книги колку Камилски, но тие што ги имаше ги читаше, често се сомневаше во импровизираните искази на својот пријател, но за тоа немаше дефинитивни докази и не сакаше со тоа и да го загрозува пријателството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Филозофското дело на Емил Сјоран го открив уште во раната младост.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Идеалите на оптимизмот кои најсилно ферментираат во младоста, во кревката душа која верува во сите можни апсолути, кои ги пластев учејќи ја и читајќи ја француската книжевност и филозофија низ нејзините доминантни преставници, кои во мене ја извишуваа моралистичката крива, картезијанската логика, откако го открив Сјоран започнав да се сомневам во нив.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во меѓувреме, нема член на Внатрешната партија кој макар и за миг се сомнева во своето мистично верување дека војната е вистинска и дека ќе заврши победоносно, со што Океанија ќе стане неприкосновен господар на целиот свет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Проловите се бесмртни, доволно е човек да фрли само еден поглед врз онаа херојска фигура долу и да не се сомнева во тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Токму кога размислуваше „ зошто“, ти се сомневаше во својата нормалност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ми стана јасно дека тој, всушност, се сомневаше во сите. Можеби и во мене.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тогаш ми стана појасно зошто тој постојано се сомневаше во Ема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа беше сомнежот. Се сомневаше во сите. И во себе. Како? Зошто? Не знам.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ќе се сомневаат во неговите намери.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Дадаизмот, пишува Жорж Иње (Georges Hugnet), е нејасен: се сомнева во сѐ и не се сомнева во ништо, како да не разбира дека му ја задушуваат смеата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Значи во случајов се сомневаш во разумноста на љубовта?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За да постои барем малку вистина во ова што го застапуваш потребни е да се сомневаш во пријателите и пријателките, во познатите и непознатите, во државните служби, во твоите комшии – Иследникот се подаде преку бирото кон мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
– Место да изнесеш прифатливи објаснувања за случувањата во месарницата; потоа за твоето пријателство со оној албанофоб Милошевски; за смртта на Самоников и посетите кај Зрновски кој континуирано врбува истомисленици за своите деструктивни дејствија, ти постојано инсисираш на некои чудни дури и неразумни доживувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Додека се обидувам, осмиот месец од оваа година, MCMLXXX достоинствено да го започнам писмово до тебе ја откопчувам душата како елек и шаторот твој го распнувам сосема меѓу вториот и дваесеттиот век резот е доволно длабок и горешт светлината да се прекрши и одбие твојот профил да се обликува појасно макар и ништо да не не објаснува: ни империјата, ни мемоарите ни градот што го подигнав во мислата променлива - еден град повеќе во Елада, љубената ниту слободата повеќе од власта што ја сакаше и Latio не, ни кованите пекунии со ликот на Антиној, обожаваниот Humanitas Felicitas Libertas ниту твојата библиотека која се обновува лека-полека по светот ниту противниците, не ни жените не ни смртта твоја и на твоите современици и коњот не, и знакот на небото и мачката со боја на пустина, мед и сонце (според описот на Јурсенар) ни патувањата, ни пророштвата не, не, не, во право си кога се сомневаш во смртта, кога му се предаваш на Допирот-Убавината-Сласта како на Смисла зашто, поместувајќи ги границите на крвта, плотта, идејата животот пренесувајќи го од една метафора на друга го одложи толку многу што остана и за нас! ________________________
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Постојат три главни помошници на госпо­динот Сенка; нивните имиња се: Даркер (чове­кот без лице, иако многумина се сомневаат во тоа дека Даркер воопшто е човек); потоа доаѓа господинот Пајо Ентропија (за неговото наста­ну­вање исто така кру­жат разни приказни; една од побизарните е онаа која вели дека Пајо прво е нацртан, а потоа, во специјални студија, „ожи­веан”??!); последниот (но не на крајот!) помо­шник на господинот Сенка се вика Дипигус, и за него се смета или дека е клониран (со помош на Франкенштајновиот таен рецепт како да се направи битие од кал, нокти и две капки плунка) или дека вре­мен­ски (Дипигус) потполно се загубил.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сметам дека господинот Хајам акцентот го ставил на важно место, но на погрешен пат е кога се сомнева во искреноста и сериозноста на Алфред Хичкок.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тука се уште и стаорците, свињите, патките, цветовите-месождери, конзервите, завртките, електричните пили, атицистите, егзибициони­стите, аристотелијанците, лилипутанците, коле­ри­ците и сангвиниците, господинот Џовек, механичките коњи од парковските вртелешки, снегулките, зрната град, крблите, толосите... и кој знае кој сè не, од прилика до прилика, наоѓајќи се во улогата на помошник на злиот: господин Сенка.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Само мајките можат толку упорно да пребаруваат, да се сомневаат во сѐ, да поверуваат во сѐ. Само ние.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа е поради онаа сенка од синот што паѓа на нас и нѐ засенува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но длабоко се сомневам во често искажуваните и пред сѐ користољубиви калкулации за восприемање на Дерида во САД, или заминувањето поради стекнување на амери­кан­ско државјанство.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
4 Па, ако тоа е така, допуштете ми да се надевам во тоа „обесхрабрување“ Што е всушност разочарувањето?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Каков е односот меѓу едни и други?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Постојат врски, не се сомневајте во тоа, но наместа тие можат да минуваат низ патеки сѐ уште неозначени на политичката карта.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„The Casual Passer-By I Met at 3.01 pm, Philadelphia, April 9, 2007.“ Slought Foundation Online Content. [11 October 2007; Accessed 15 May 2008]. < http:// slought.org/content/11365/ >.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
113 преку тоа да постигнат ни помалку ни повеќе туку еден поинаков начин на размислување и делување: „Доколку човек се соочи со нови содржини во рамките на старите форми на презентација, и доколку постои можност тој да ги разбере, може да се претпостави дека во иднина тој ќе почне да се сомнева во исклучивоста на еднонасочните информации.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
ПАНАЈОТИС: А вие не се сомневате во себе? (Пауза.) Лека ноќ. (Пауза. Киро излегува. Пауза. Влегува Елена. Пауза.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
И никој не се сомневаше во неговата мудрост и авторитет.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Бидејќи поблиски до своето задоволство, ние сме исто така во подобра положба да се сомневаме во него.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Беше со подзамижани очиња коишто како да се сомневаат во нешто.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Таа мисли дека цела ноќ не ги затворила очите, ама малку и се сомнева во тоа оти во свежото утро измиено од ноќниот дожд се разбудува свежа и со некоја жудна радост, нешто слично како што изгледаат цвеќињата на мајка Перса од двете страни на патеката.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Небудноста и неспособноста особено ги изненадиле дипломатските претставници и воопшто странците коишто знаеле дека цела Македонија врие како во котел, и како сурово се пресметнувале органите на власта со македонските селани, затоа што овие му припаѓале на револуционерното движење, а најчесто само затоа што властите се сомневале во тоа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Опасно било и тоа што во берберницата често наминувал и по некој од гемиџиите на „разговор“ со Владо, а, се разбира, без да се сомневаат во ништо тука доаѓале и по некои познати велешани, охриѓани и други што воопшто не било пожелно.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Иако изгледаше дека воопшто не се сомнева во вистиноста на мојата приказна: - Згоден тој твој Игбал? - ме праша сериозно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Татко ми се сомневаше во постоњето на реинкарнацијата, а мајка ми рече дека многу би сакала да верува дека е можно тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас почнав да верувам. Само така ми беше полесно да живеам без Мила. ***
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Многу - исто така сериозно ѝ одговорив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)