Тогаш, во детството, очајот го ублажував со верувањето дека тегобноста ќе заврши оној ден кога ќе ја најдам таа друга рака, кога мојата и нечија друга рака, соединети, ќе тргнат заедно низ животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Понекогаш дури и ја сонував таа рака, и во сонот ја подавав својата рака кон неа, и мојата рака удираше во ѕидот па се будев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
“Синоќа ја сонував таа песна, додека еден алигатор се обидуваше да ми објасни некои работи во сонот”.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)