Како што одминуваше времето, тој гнев, таа омраза од одбивањето на Луција да ме прими како прв, стана неподносливо бреме за мене, оти сепак се мешаше со преостанатото слатко вино на љубовта; со мене се случи нешто до ден-денес необјаснето, нешто сосема неверојатно: јас веќе не мислев на телото на Луција; не мислев ни на нејзините гради, ниту на нејзините колкови, ниту на нејзините бедра, а најмалку на просторот меѓу нејзините нозе, таа клучалница со непознат за мене запис; со ноќи го сонував само папокот на Луција.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тие имаа вистински пушки, автомати и митралези, а ние во исто време на рамо носевме стапови и изделкани колци и ластагарки што личеа на пушки и игравме војна во која растевме и мислевме и ноќе сонувавме само победнички бој.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сонувам само некои калови, црни ко арапите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тој сонува само во овој топос, моите соништа излегуваат подалеку.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)