За волја на вистината надворешната политика на времето во семејството беше исклучиво татков ресор, за да го споделува подоцна со постарите синови.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сите знаевме дека токму Мила ги спаси децата на учителот од сигурна смрт по смртта на нивната мајка.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Само да ѝ го спаси детето.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Но таа секогаш имаше свое толкување за политиката и балканската историја, инстинктивен рефлекс за настаните кои се вестеа, а беа во врска со основната семејна стратегија како во бурните настани на Балканот да се спасат децата!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
- Чудно ми е Гавруше, ти прв да стасаш и да ми ги спасиш децата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пролетта довејувала далечен мирис на живот од пасишта, жолтавките не биле далеку.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Си ги кубеше косите и секој час одеше пред иконата, коленичеше и се молеше на бога да ѝ го спаси детето.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)