Понатаму разговорот се оддалечи од Димостена, мајката Роса имаше големи новости, таа токму затоа денеска е кај нив, нема поблизок од Пелагија, ја смета за шеста ќерка, толку многу ѝ се има напикано во срцето и ете таа и Деспина сакаат во овој убав неделен ден што го скрши жешкото лето со нив да ја споделат најголемата радост!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)