Мајка го оправдуваше заминувањето, оддалечувањето од родната земја само ако тоа беше со Божјиот повик за да се сподели својата внатрешна болка и сопственото страдање со она на најсиромашните.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се раззборува, што не му беше обичај, од потреба со некого да ја сподели својата загатка.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Секогаш постои можност да се појави некој со кој ќе ја сподели својата самотија.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Жена му, научена молчаливо да поднесува сѐ во оваа куќа, нема со кого да си ги сподели своите сомневања и немири, својата тага и својот страв за единствениот син.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)