Според него НОВ и ПО на Македонија “со моралот што го имате ништо не ќе може да ве спречи во борбата за слобода“.132 Во средината на март 1944 година планерите на СОЕ размислувале за вршење на саботажа на хидроцентралата Матка.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Ти сакаш да се забавуваш, „тие“, што значи Партијата, сакаат да те спречат во тоа; ти ги прекршуваш правилата колку што можеш подобро.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Другиот проблем се однесува на младите, кои несомнено би можеле да набават дрога исто како што можат да набават цигари и алкохол.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ниеден систем тоа не би можел да го спречи во потполност; всушност, до 1990. година, и покрај потрошената сума од 10 000 милиони долари годишно, федералната влада не беше способна да спречи 22, 7 одсто малолетници на возраст од 12-17 години, да ги пробаат забранетите супстанции.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во еден миг, срипал ко опарен и се опитал со крената глава и става сам да тргне кон непријателот, повторно да ги запее и разлее стиховите, за да ја покаже и докаже својата теорија, дури ако треба да гори во огнот на непријателот или да согори во сопствените зборови и стихови. Го спречиле во намерата другарите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Знаев дека со ништо не можев да го спречам во неговата намера.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Како и оној ден кога бевме кај тетка Рајна ми се чинеше дека таа, Вера, неосетно ми го одзема татко ми, а јас не можам да ја спречам во тоа.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Но Беличот, кој што бргу ја оцени ситуацијата, гледајќи дека инаку не ќе можат да се истргаат од рацете на кондуктерот, што се беше спречил во тесниот коридор на вагонот, го тргна Мечето за ракав и рече мирно, и не трепкајќи.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
А една личност се качи до мене и ми ги зема очилата за да ме спречи во читањето; и лампата покрај која читав беше разбиена, меѓутоа некој веднаш донесе нова сијалица , а јас погледнав во момчето кое ми ги зема очилата и нешто во мојот израз на лицето го натера да ми ги врати. Така продолжив два и пол часа.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)