Согласно одредбите на овој закон, македонската компанија (трговско друштво) има обврска на преместените работници кои се пратени на дополнителна обука во македонски компании и на преместените странски работници кои спроведуваат дополнителна обука за македонски работници да им обезбеди минимални права за работно време, паузи и време за одмор, ноќно работење, здравство и безбедност на работа и посебна заш- тита на работниците согласно Законот за работните односи и општ колективен договор (чл. 17 и 18).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)