Но пред да стигнеш до него, ќе те сретне првиот сосед кој ќе ти рече: „Твојата книга ја научив наизуст, зашто секоја ноќ ми ја шепотат дрвјата крај кои одам и гредите на кои сакам да се обесам за да воскреснам како што велиш, со јажето-ореол околу главата“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Третата пролет откако ги раселив глувчињата или откако тие ме населија, го сретнав првиот сосед во селото, познат сликар кој тешко продаваше од своите дела, заради што темно, сувосано лице, премачкано со боја на гареж, на дим.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)