- Го фатиле мистериозниот убиец на добиток во јужните планини – дофрли дедо ми, меѓу два срка кафе, затскриен од раширените листови на утринскиот весник, од чија прва страница доминираше насловот со црвени букви „Иднината е во наградните игри“.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Го срка кафето со израз на задоволство – од тивките милувки на сонцето по тилот и топлата црна течност низ грлото.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Го сркаме кафето, сѐ уште врело, набрзина: Во ред.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
На терасата во Уфичи една група турчинки сркаат кафе со многу шеќер и шепотат нешто за тоа дали Ботичели би се шекнал со умот ако наместо во Фиренца судбината го турнала во харемот на султанот.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ботичели најпосле крева раце од се и собира лажички со грбови на градовите низ кои талкал.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)