срка (гл.) - од (предл.)

Трчаш како без глава кон кујната и за неколку минути сркаш од топлата манџа, сркаш, та ушите ти пукаат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Може, како да не, си мислев и сркав од чорбата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ќе седневме двете во дворот на клупата, ти раскажуваш за твоето детство, јас те слушам, а мачорот со сласт, срка ли срка од супата.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Насредина на нивата глинена чинија. Во неа има само толчен лук, сол и вода, а жетварите сркаат од неа, мешајќи ја таа таинствена течна храна со црн пченичен леб, за да ја победат жегата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тогаш седнуваше со домарот над мангалот во кујната, кршеше од домашниот леб, сркаше од манастирскиот грав, мезеше од биеното сирење на вжарената маша, отпиваше од стомната покрстено вино и водеше најприземен разговор за тоа како не се исплатува да го држиш и да го раниш магарето зиме кога нема работа во полето, како е поарно да го пуштиш без самар во снеговите на планината да го изедат волците, а напролет да си купиш младо магаре па да му го главиш стариот самар и да си вршиш работа, оти живеачката е една, а скапа, а пак треба да се преживее, да се одживее некако.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Рацете предавници се притаени медузи и не се стиснати со грст да се срка од нив водопадот на небото.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ниту едниот од нив не го крена погледот; продолжија да сркаат од водникавото јадење и меѓу сркнувањата ги разменуваа неколкуте неопходни зборови со тивок безизразен глас.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сркаат од лименката, подавајќи си ја лажицата и, кршејќи го парчето пченкарник, ги собираат во шепата трошките или ги ронат во лименката.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)