„Што е лага?“, повторив јас ставајќи ја ногата на првото скалило.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
АНЃЕЛЕ: (го зема куферчето и, божем прозорците се врата, ставајќи ја ногата на миндерот пее.)
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
- Интереси... - рече пак Стивенс, вадејќи ја лулата од џеб и ставајќи ја празна в уста.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ти знајш, - рече ставајќи ја дланката на градите, на таа страна кон срцето, - дека јас прво селото си го гледам. Власта, пак, мене ме гледа.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)