Луѓето гледајќи го клисарот Нестор, како, по наредба на власта, ги фрла умрените во варницата со жешка вар, си правеа крстови, си го запишуваа името на нив и молеа, оставаа аманет - ако умрат да не се фрлаат во варницата како во пекол, како животни, туку да се закопуваат в земи како што е ред и да им ставаат крстови на гробот да се знае кај лежат, да има трага од нив.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
На почетокот им ставаше крст, на кој со мастилав молив ги пишуваше имињата и презимињата на починатите, но откако еден од оние од џипот му се изнавреска пред луѓето дека е контра и дека со крстот го погани црвеното знаме на револуцијата, Пандо гробарот, така го викаат и само така го познаваат луѓето, си го скри изгризеното моливче, што го имаше украдено од офицерската чанта оставена во џипот, се затвори во себе и само кога го поздравуваат, одговара: копам, закопувам...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)