И додека баба го запалуваше масленичето, мајка ставаше перници на прозорците.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сега сме тука кајшто сме талкајќи низ вековите се изнаслушавме врапчешки џивкања на соништата им стававме перници од теракота - ем црвени, ем вековити да бидат и така дојдовме до реката и тука научивме дека за да ја минеме реката сака да направиме мост и тука некој ѓоа во доверба ни шепна дека ако нема напред нема ни назад
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)