Темелната колебливост која, изгледа, ја имаат текстописците одговорни за фељтонов околу тоа што е геј-културата произлегува од една основна и карактеристична неизвесност: дали геј-културата упатува на настрани артефакти создавани од самите настрани или на дела од главнотековната култура кои ги создале хетеросексуалци, а кои настраните потоа ги присвојуваат за сопствени потреби и кои во текот на тој процес ги настрануваат?
Фељтонот во ТОНИ ја става оваа дилема во преден план со тоа што вметнува и анкета, упатена до читателите, која се вика „Што е погеј?“
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Труман Капоти или Херман Мелвил?433
Со други зборови, дали ви е подраг оној вид култура што е вкоренет во геј-идентитетот или оној што е вкоренет во геј-идентификацијата?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На тој начин, извесни директни, некодирани претстави на гејството се ставаат наспроти кодирани, фигуративни претстави на гејството, а од читателите се бара да ги изберат оние што ги претпочитаат, па да гласаат за претставите што позадоволително одговараат на нивните замисли за геј-културата или за тоа што тие би сакале да биде геј-култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таму во двојки се наведуваат примери од експлицитна, идентитетски заснована, горда и на видело постоунволска геј- култура спарени со примери од пошироката култура кои се погодни за настрано присвојување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)