Честопати ги пасев воловите и наидував на ливади со разни цвеќиња, секакви бои имаше, ќе се занесев во нив, ќе гледав разни бубачки како ги опрашуваат и им помагаат за догодина да бидат уште поубави, да се развиваат и да цветаат и тука се ставав и самата (и дури ќе заборавев дека воловите ги чувам).
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
А Живко го тешеше: тоа е зрно црн пипер а не сачма за крупен дивеч, може да ти замени пломба на заб; тоа ти е терзиски конец, а не врвца за опинок, можеш да ја џвакаш ама не и да ја голташ; тоа е дафинов лист, а не еврејска кожа, можеш да го исплукаш и да го залепиш на слепоочник од урок; тоа е говедско, а не биволско, сечкано, а не мелено, ако ти е тврдо тоа е од бутот, а не од плешката; тоа е малку свинско, а не од крмак, да ти омекне на жлебината, ако не ти пречи на верата; се ставаат и други мевца, од телешки до јагнешки, ама по малку, башка од тоа тие се топат; некои ставаат и месо од мечка, тоа е црно, овде го нема, ама на ширденот му дава посебен шмек на дивина; а тоа ти е обичен лут пипер, а не црн барут, можеш да се закашлаш ама нема да експлодираш, гарантирано. Маде ин Прилеп.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Знаеш цимерката за Нова година си замина дома, а и онака сме во посебни соби... ако сакаш ќе ти ги ставам и лисиците... те заебавам бе, хе хе хе фино детенце со факултет,).
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
МАРА: (која има ставено на софрата леб, грне грав, лајци и празна земјена паница сега ја става и погачата од кумата и турива од грнето грав во паницата).
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)