Плетон не го ставил потписот: - тој сметал дека латинската црква е дури и поголем непријател на слободната мисла, отколку православната (во тоа време грчка).
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Сѐ беше напишано, само требаше долу да се стави потписот; беше оставена само една празна линија, и доволно беше човек само да го начкрта своето име, па да стане она „јас“ од почетокот на текстот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во мигот кога со болницата, или поточно со социјалните служби ќе го ставиш потписот, твоето веќе не е твое.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тој гинеше во повеќе битки, излегуваше од смртта, но умре само во една, подмолна битка-стапица, дијаболичен предизвик кога пред време се врати во слободна Палестина, положувајќи го оружјето (извор за недоразбирање со многумина), кое впрочем самиот секогаш го носеше симболично...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Најпосле охрабрен, зедов слобода, да му го поставам на големиот поет, на стариот пријател и директното прашање, кое најмногу ми беше при срце: - Вие ја напуштивте Палестинската ослободителна организација кога Арафат најмногу веруваше во мирот, кога го стави потписот на договорите во Осло...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Живеат градови со ѕидини од копнеж, суви лисја во мислите на стари жени, зими на слободата, феникси крај каминот, луѓе што чекаат во ред да ги отворат кориците и да стават потпис во Книгата на смртта.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Речиси никој од нив не се решаваше да стави потпис на договор од пет години, оној што носеше едноспратна малечка куќа, минимална пензија и уште некоја поситна привилегија, како на пример бесплатно возење во јавен превоз.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)