стави (гл.) - нов (прид.)

Иако, се разбира, ќе треба да ставите нови шарки ако сакате да ги употребувате крилата“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дрвјата изгледаа свечено, закитени со снежни цвеќиња, а куќите личеа на старци што преку ноќта ги фрлиле своите црни шубари и си ставиле нови, бели.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Симче си го облече палтото, си ја стави новата топла кожена шапка, си го зема под мишката и доминото и ѝ рече на мајка си: - Мамо, јас сум кај Тоше. Ќе играме домино.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Чакарвелика ја истера иглата до крај и не стави нова.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Имаше облечено нова мантија и ставено нова шапка; инаку носеше фетва мантија, излижана и посивена од сонцето; имаше густа брада што му се спојуваше со косата и мустаќите; му се испакнуваа само јаболкцата на образите кои оддаваа црвенило и здравотија; кога газеше, газеше со појадри чекори, при што со нозете како да ја набиваше калдрмата по патот, а мантијата му се затегаше напната во колениците и шушкаше; крстот заедно со клучовите од манастирските порти и простории, провиснати од десниот џеб, му се нишкаа при одење и ѕвецкаа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Конечно таа рече, ”Гледам дека ставиле нови реклами на ѕидовите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Петра стави нова касета народни песни (сега македонски) и го свисочи тонот во звучниците.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се врати и на вратата од собата на Висара закова ново резе и стави нов катинар, а клучот го зеде со себе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Лесно е на старо магаре да му ставиш нов самар, ама како старото магаре откако ќе му ставиш нов самар - да го убедиш дека е младо?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)