Во ваквите системи, поимите не ја играат улогата на сигнатуми на знаците на писмото, туку таа улога ја преземаат конкретни зборови со конкретна фонетска вредност или дури и јазички единици од пониско ниво, какви што се одделните слогови и/или звуци.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во случајот со фонографските системи на писмо, познавањето на системот на писмо претпоставува претходно познавање на врската меѓу знакот на писмото и конкретниот збор или фонетски сегмент од пониско ниво, слог или звук, во конкретниот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)