Во тој поглед, оптимизам нудел постигнатиот договор на Либанската конференција, на која било договорено „ЕАМ и комунистите“ да влезат во Грчката влада во која свое учество би имале сите партии, така што Британците се надевале дека ЕАМ во натамошното дејствување ќе стане безопасен, уште повеќе што било договорено да се формира „национална грчка армија, во која треба да се вклучат сите единици на отпорот, вклучувајќи ги и воените единици на ЕЛАС-ЕАМ“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Меѓутоа, експертите ги предупредиле политичките елити дека не би требало да бидат "понесени од лажниот оптимизам од ваквиот успешен развој на настаните".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Конечно Камилски предложи овој збор да остане во листата на опасните зборови, од проста причина што тој никогаш не можеше да стане безопасен, како и да го толкуваа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ја собра главата во рамениците. Металната покривка на болничката кола се оддалечи од него, стана безопасна за јаката черупка.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)