Градот станал главно упориште и на сите други северни походи, кон сите страни на Балканот и кон Европа.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Според нив во крајот на март 1941 година: „а) Балканот станал главен театар на војната.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Со своето организирање Македонците станаа главниот фактор во решавањето на македонското прашање како во своите очи, така и во очите на Европа.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Доволно беше да се посереш јавно на плоштад и да се закачиш на јутјуб па за 2 дена да станеш главен сурат у цела држава.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Наеднаш фрижидерите им станаа главна и скоро единствена тема во разговорите.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Завладеа некаква општа фижидероманија.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сега веќе имав свое катче каде што можев малку покомотно да учам и, секако, да имам поголема приватност малку подалеку од моите љубопитни родители на кои им станав главна занимација.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Науката стана главно културно достигнување, на некој начин вид уметност.”
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Силите на Антантата поради војничката неподготвеност настојувале да го одложат почетокот на судирот.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Овој судир се изострил меѓу Германија и Велика Британија кои станале главни противници за светска доминација.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Кон нив биле приклучени и неколку богати македонски трговци, но тоа не го менува фактот дека главни носители на егзархиската политика во Македонија, против која се борела македонската интелигенција, биле познати интелектуалци дојдени од Бугарија и дека тие станале главни идејни носители и организатори на борбата против историски определената самостојна дејност на Револуционерната организација, т.е. против нејзиното основно програмско барање - по револуционерен пат да извојува политичка автономија за Македонија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Се работи за два цртани (анти)јунаци, што во рекордно време станаа главни ѕвезди на MTV.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
При тоа цело време бревтаат, отсутно се кикотат и кажуваат пригодни коментари за фризурата на Boy George.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Нивниот огромен публицитет најверојатно ги изненади и самите творци, бидејќи на прв поглед се работи за едноставна получасовна програма, што е составена од евтина анимација, стари видео спотови и ставот колку-е-убаво-да- се-биде-глуп. Beavis и Butthead се бели дечишта, припадници на средната класа, што седат на кауч, притискаат далечински управувач и гледаат заборавени видео спотови, како што е на пример Karma Chameleon.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)