На овој начин синдикатот станува многу понезгоден за манипулација, бидејќи наместо еден лесно поткуплив синдикален лидер или тесно кршливо раководство, тој е составен од многумина самосвесни водачи. 1 3) Предолго траење на судските работни спорови Иако, според УРМ (1991), секој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот пред судовите и пред Уставниот суд на РМ, во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност и иако, законски, во постапката во споровите од работните односи, а особено при определувањето на роковите и рочиштата, судот секогаш ќе обрне посебно внимание на потребата од нивно итно решавање (чл. 405, ЗПП) – сепак, во праксата, работните спорови траат недозволиво долго, па дури и предолго.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
2 Токму во духот на онаа позната максима дека „задоцнетата правда е неправда“, мора да се стави до знаење дека вака воведените законски рокови од инструктивни, треба да станат облигаторни за судиите – на тој начин што би се предвиделе и санкции за нивно непочитување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Максималното пропишано полугодишно траење на овој тип постапки, наместо да биде правило, тоа е само редок исклучок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)