Најочигледната корист од користење на „моделот применет на цигарите“ би било елиминирање на примарните трошоци од забраната: преку милион апсења годишно, криминал, корупција, делување на подземјето и тероризмот во странство.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Супстанциите што се продаваат би биле посигурни, со тоа што би се вовеле стандарди во поглед на квантитетот и квалитетот, произведувачите би биле одговорни во случај на нечистотија на производот, а и информациите во врска со влијанието на различните видови дрога по здравјето на човекот и нејзиното мешање со други дроги би станале широко достапни.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Се произведуваат во големи количества од 1903, а станаа широко популарни за рекреативна употреба во шеесетите години; денес се потиснати од други, многу помоќни дроги.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)