11. Лежи песната ранета на твоите овенати усни и млакиот шепот сака некому да ја рече Никој не слуша Бараат очите твои низ ноќта в ноќ што се мрачи и стихот со болката измешан не може дално да оди Никој не слуша Те слуша болката само и неа сега ја слушаш сал ти Во овој мрак што се грчи самотата станува болка песната станува болка болка е сета ноќ Ноќта го испи мракот и стине во шепотот млак во очите песната бледнее и немо се пробива мракот пред потполниот мрак
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Тука се бабините! открива нешто убаво во срцето забележувајќи како се стиснати околу неа, ама така, при свртувањето, додека низ нејзината глава се разбиструва сликата од мигновеновиденото: Добра со малечката таму во ќошот, со главата во скутот на мажот, а тој седнат со грбот на штиците и со отворена уста, Чана со мајка ѝ крај неа Види лебати, Чана си има ќерка! и никако да се сети кои се другите расфрлани низ бовчалаците и пљачките, и одеднаш она убаво во нејзиното срце станува болка.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)