На снимката таа, во стварност незабележлива временска разлика, станува видлива: убаво се гледа дека тој е за половина чекор, за едно стапнување пред другите и дека трката е негова.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
– Знаеш ли, кога те видов тука, одеднаш таква средба, се збунив!
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Во еден период цвеќињата го прекрија балканот од сите страни, стануваа видливи во далечината.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Траги, белези на расплинати значења повторно стануваат видливи - ниту недопрени ниту објективирани туку такви кои сѐ уште живеат, преживуваат.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Според Дерида, во преводот, непрочистеноста се самопројавува, случајностите се јавуваат и станува видлив процесот на десхематизација.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Но, бидејќи е исто така по дефиниција и простор на исклучување, ова претставување (и правото на него) треба постојано да биде повторно докажувано.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Тие се и локусот на бездомните лица, единственото место каде тие стануваат видливи.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Улиците се местата каде антивоените активисти протестираат против крвопролевањето во Ирак, каде синдикатите бараат подобри работни услови.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Токму јавните простори се местата каде што политичките движења стануваат видливи – ~ се претставуваат на пошироката јавност не само за да привлечат следбеници туку и за да добијат видливост бидејќи само станувајќи видливи тие имаат шанса да бидат сметани за легитимни членови на општеството.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)