Така станува опасна конкуренција на незнаениот јунак од фолк поезијата кој што успева низ прстен јајце да погоди.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Додека не ги „фаќа“ лудилото, како што велат луѓето, тие се мирни, лежат под стреите, си подаваат цигара, се шегуваат, намнисуваат, но кога ги „фаќа“... тогаш „занаетчиите“ најмногу лудуваат, стануваат опасни, а оние што навистина се болни, лежат овде-онде, удираат со нозе и раце, копаат со петиците, со нокти си ги раскрвавуваат образите, се превртуваат и пена од устите им тече.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)