А сонуваше разни соништа: како куќата станува подвижна: ту се наоѓа в планина, ту се наоѓа в поле, ту со неа патуваат како да е на тркала, ту летаат по небото, ту пловат по езерото како да е брод; но бродот се дупнува, се полни вода и тие почнуваат да тонат; но писокот нејзин ги спасува од давење; се буди и гледа како Бандо во спиењето и ја ставил раката на грлото и ја притиска; од тоа таа не може да дише, здивот ѝ се зема.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Стануваше подвижна, се менеше; зад мека решеткава светлина изгледаше како разделена на парчиња.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)