Во тие моменти во автобусот ми стануваше туѓ и татко ми, само при помислата дека можеби и тој би бил во состојба да стори такво нешто.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Меланхолија
Понекогаш
кога ќе се сетам
дека сум била
љубена
онака како што
и сама-та
сум посакувала
во некој друг
живот
ме обземаат морници
од нелагодност
својствена
за оние кои
не се од овој свет
а би сакале
да бидат.
Смртно сама
Објасни си барем себеси
за себе.
Несаканата љубов е еуфемизам
за оддалечувањето од себе.
Кога себеси си стануваш туѓа
како созреано, осознаено
дете.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)