Наеднаш станува сосема јасно дека сите утра построени под стреата на историјата не се аврори и сите вотки не се сечат со исчезнатото време во сувото грло.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Неколку месеци потоа, кога ќе се погледнел во огледалото забележал оти носот му станува клунест, очите му стануваат сосема тркалезни, вратот му се издолжува, прстите на нозете му канџосуваат, црвенеат и се одвојуваат.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Би било најголемата несреќа што би можеле да му се случи нему тука тоа надвладување и цибрината; пред неа сè го губеше своето значење и стануваше сосема ситно, а тој остануваше празен и бесцелно зашуткан среде таа снежна тишина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше само некаква подлипнатост и од неа дишењето стануваше потешко и носеше болни блажеви во слабините, како местото на здивот во градите да беше зафатено од нешто друго, од тоа чекорењето стануваше сосема тешко.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Затоа и станува сосема видливо дека сепак на Пелагија попожелен ѝ бил оној Козак што ја очекувал на здоговореното место одошто родената ќерка.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А што се однесува до самата постапка на оваа лоша мајка, таа е сосема јасна: оставила судбината да го реши случајов ама онака како што таа посакувала.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ако не пред тоа, тогаш му станува сосема јасно дека стапнал во изложбените простори, коишто постојано тврдат дека кон изложениот објект не е можно неутрално гледиште.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Интерактивниот видеогаме, на пример, на посетителот му го доверува управувањето со црнечката побуна во Лос Ангелес во 1992 година и му овозможува неговиот избор да го споредува со вистинскиот тек на тогашните случувања и со мислењата на другите посетители. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 113 Јадрото на изложбениот проект е Куќата на холокаустот, што се протега во повеќе сали и со степенувањето на драматичната напнатост ги буди најлошите прогони со коишто се зафатило човештвото во својата историја.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Начелото на вклучување на посетителите во прво лице еднина во музејот е употребено повеќепати.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)