станува (гл.) - сѐ (прил.)

Но антикозарите со времето стануваа сѐ поупорни.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На партиските стратези на развојот во градот им стануваше сѐ појасно дека козарите неповратно се оддалечуваат од глобалната директива наложена од федералниот центар – по секоја цена во првата петолетка на развојот да станат дел на работничката класа. ***
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Луан Старова мошне умешно владее со иронијата и магијата. (Magazine littéraire, No 354, mai 1997) Избор критички фрагменти за Времето на Козите (1993 ) - дваесет години од објавувањето - Во Времето на козите, уште од насловот, сме обземени од волшебноста на алегоријата која, со текот на раскажувањето, станува сѐ поопресивна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Партискиот секретар стануваше сѐ позагрижен поради овие барања, дури некој спомна на еден состанок, и оставка, а и тој самиот напати ќе си помислеше да си замине од функцијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Додека зелената наидува, црвената како да тоне, да се впива в земја, станувајќи сѐ помека и попривлечна.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Неподносливото тропкање на пинг-понг топчето (сега веќе убедена дека тој звук доаѓа токму од тој предмет и од ниеден друг), продолжуваше, а јас станував сѐ почувствителна на неговата дразба.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Некаде во времето кога лицето на татко ми стануваше сѐ позагрижено додека го слушаше радиото што тие години го беше купил на голема радост на моите постари браќа, Рашела се вљуби.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во тие мигови чувствуваше дека без владиката, во сѐ понесигурните времиња, нему му станува сѐ потешко.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Од друга страна пак, тој и владиката беа два поглавара на островот и во тешките времиња на италијанската окупација беа упатени еден на друг многу повеќе одошто тоа би биле во времињата на слобода и на мир.  Со тие чувствувања, впрочем и се собра овој одбор под иницијатива на локалното свештеништво и на градоначалникот Карер, на оловниот ден што навестуваше скорешен дожд, трпеливо да го чека владиката на закинтското пристаништето.  И додека групата на молот уште немаше видено дека тој наближува, од прозорецот на својата канцеларија појавувањето на бродот на хоризонтот го виде Паул Беренц, началникот на СС единицата на островот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Далечниот Пелистер одвај се оцртува, нежно, бледолилав, крушовските планини, таму кај што заоѓа сонцето, ги прекрива просто една трепетна виолетна завеса, сенките наваму стануваат сѐ поизразити и позатворени, се гледа секое прозорче во градот, во кој се издига на безбројно места темното зеленило на тополите.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но кога им се народиле синови, па од синовите внуци, почнала караницата меѓу семејствата, која од ден на ден станувала сѐ поголема.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сега авионот повеќе нѐ привлекуваше и од ден на ден ни стануваше сѐ позанимлив и поинтересен.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Уочувајќи го фактот дека поголемиот дел од населението за кратко време се отрезни од „ослободителна мисија“ на бугарските војски и станува сѐ понезадоволно определувајќи се на страната на НОД, бугарскиот окупатор превзеде разновидни мерки, прво „мирољубиви“, а подоцна брутални со цел да го оневозможи и во корен да го ликвидира НОД во Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
По малку време, Татко се огласи, но сосема за нешто друго: - Во Судот, од ден на ден, ми станува сѐ потешко.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Псалтир Палигоров слушаше, без да коментира, додека гласот на директорот стануваше сѐ понервозен: - И ова, драги мој другар Палигоров, не сте смееле да го прифатите во овој проклет предлог за одликување.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Движењата ѝ стануваа сѐ посигурни, се слеваа со музиката. Прекрасно! Се усмевна тој.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мракот се згуснуваше над колибите и стануваше сѐ поцрн.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сега ноќите стануваа сѐ пократки и се стемнуваше пред осум часот, но тие продолжуваа да седат во темница.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Дивјачката, тука погоре, зреејќи со секој ден, стануваше сѐ поубава.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Софроние, кој одлично го зборуваше турскиот јазик, и покрај силното напрегнување не можеше да ја погори скриената намера на султановото зборување; си думаше Ова не е тоа за кое сум повикан, па стануваше сѐ посомничав.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Станувам сѐ повеќе таков поединец, кој претпочита да проба, да вкуси, со еден збор човек кој првин ќе ја испита стоката а потоа ќе ја одредува нејзината вредност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ми се чини дека со мало задоцнување сепак научив да не грешам, и покрај фактот дека одамна веќе никој не чувствува потреба да ми ги лови грешките.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи, газам внимателно иако тоа не мора да значи дека понекогаш не ги избирам лошите премини.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-На пример, таков одвратен факт - почнува тој и ненадејно се преобразува: зазема некаков антички став, бледнее, станува сѐ помрачен, а во неговите очи, кои наеднаш се отворени неприродно широко, се пали чудна мешавина од пакост, тага и демонски начела.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Потоа настанува кратка пауза, во текот на која Сухов се прави како да се присеќава на нешто, и потоа почнува да вергла.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Станував сѐ поприврзана кон неа, иако правев големи напори тоа да го скријам и од неа и од самата себе си.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Стануваше сѐ позатворена во себе и посериозна.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога се вратив од часови татко ми сам седеше со Ели, која стануваше сѐ позборлива, само ако имаш време да ја слушаш.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Стануваше сѐ потешко да се излаже за трагичната вистина, која секој од нас се обидуваше, не да ја заборави, ами барем да не мисли постојано на неа и да не боледува.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Никогаш не сум била толку неспретна како тие први денови: сѐ нешто ќе скршев, немаше да направам како што треба и поради тоа уште повеќе се нервирав и станував сѐ полоша.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Влегов во мојата соба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Нашата ќерка станува сѐ повесела и повесела,“ мајка му рече на татко.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
По извесно време, по далги од убојна тишина и облаци прашина, во миг кога командантот се ежел и кострежел да го сотре и докрајчи Нуне Волта, да ја фрли и изгази, смеле и дотолчи пред сите и на туѓите и на своите, неговата „Пакс-верс теорија“, некаде од длабочината на фронтот, од непријателската страна, се зачуло далечно хорско исполнение на стихови. Стиховите станувале сѐ поблиски.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Улогата на „Маргиналец“ е една синтетичка професија произлезена од искуствата на Ghost-busters, Роџер Ребит, Терминатор, Бетмен и Даркмен, и која (професија) во оваа ера на тотално прешалтување, спрема сите индикации, ќе станува сѐ попопуларна.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Не верувале дека Онисифор Мечкојад ќе им помогне да се ослободат од стравот. Некој се обидувал да ги надвика.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нивните торби станувале сѐ полесни, во склопците немало ни трошка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Проказник морал, освен добитокот, да го чува и голтарскиот живот на луѓето, нив и прескапо платените воденички камења дури и да биле леани или ковани од суво злато.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сиот вилает, сиот Балкан, станувал сѐ повеќе прогонета волчица скучна од сомневања дури и кон својот род и пород, бил скаменето животно со душа благословувана само од пеколот - се раѓа на камен, живее на камен, ги лекува раните на камен да биде еднаш живот или вечна смрт; лежат кратовските кули на беговите врз прастар вулкански кратер и лежи на ист таков кратер Лесново со својот манастир, истината лава се купите и излеаноста над Мрежичко под Кожув, над Добро Поле под сенката на кајмакчаланските облаци и на Стара Чука кај Стојаково во Гевгелиско, во преспанските води се огледува со тага варовитата Галичица, Крушово е камен на камен; бегале пред исламски зулуми Мијаците од Дебар, оние од Река и Власите од подалеку и кревале своја крепост, се криеле во ниски врби на смирени варовници и по прнари Брсјаците, но и едните и другите, и исто толку и многу повеќе господарите, ги секле шумите, се градело, се горело, им се носел лисник на козите, потоа од планините се урнувале порои скрка и ги покривале неговите житници, на тој лом да се множат жолтогрлени гуштери и црни скакулци со тешки утроби - се шират степски и пустински површини, земјата уште само со прнар се закитува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сонцето било свртено кон грчот на неговото лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Слични во нишањето на дервиши, ги сведувале зборовите на молитвата на збивање, на ритмичко повторување - Иии-еее, - и никој од нив не мислел што било тогаш и што ќе се случи потоа, станувале сѐ повеќе едно сега и едно скаменување со затворено и неподвижно време во себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Отпрвин тоа се бавни кругови околу Неда, но со време тие стануваат сѐ помали, додека тој не стигне до точката која е центар на кругот, веднаш зад Неда.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Се прашуваше што ли подразбира тој под „знаење“, и дали фактот што во последно време нејзината турлитава стануваше сѐ подобра има некаква врска со квалитетот на книжевното дело.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
И полека во неговото тело почна да се всадува едно ѓаволско чувство на сопнат, чекорите му стануваа сѐ покуси по таа нагорничавост, а по лицето му израснуваа ситни студени монизда пот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
После можеше само уште да гледа по она црно клопче, што стануваше сѐ помало во одалечувањето, тоа просто како да се лизгаше по својата дира, сѐ додека не виде како еднаш исчезна меѓу стеблата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со секој нов замав ветровите на тој ден стануваа сѐ повоинствени.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Требаше доста време за да може да забележи како прво се испрекинуваат, а после како стануваат сѐ поретки, морничавите потреперувања на малото телце на срнчето, кое не забораваше да биде постојано притиснато некаде, во некој ѕид зад себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И сеќаваше како станува сѐ поостер со своето приближување, оној миг, што го исчекуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Болките кај Рада стануваа сѐ поизразени. Времето на контракции стануваше сѐ пократко.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога Рада стана ценета учителка во местото, чувството на пониска вредност кај Ѓорѓе стануваше сѐ поизразено.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Слабокрвноста од ден на ден стануваше сѐ повидлива. Лицето на Рада добиваше восочна боја.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Види, види! - помисли Рада - типов станува сѐ поромантичен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Отпрвин тивко, потоа гласот стануваше сѐ позвучен, разлевајќи се низ кумановските сокаци, допирајќи до ушите на муслиманските верници.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бранот сомнежи стануваше сѐ поголем со должината на неговото молчење.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Лаковите на подножјето успешно ги прицврстивме, четирите носечки столба се кренаа речиси исправено, а потоа се споија во еден единствен носечки столб кој стануваше сѐ потенок и потенок.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Особено треба да внимава на начинот според кој ќе се однесува спрема неа, за да не дозволи Марија повторно да ја обземе нејзиниот непресметлив гнев, кој станува сѐ почест и поопасен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ѕидарите се разотидоа дома на зимување, а градителот ја минуваше зимата во својата колиба од која речиси никаде не излегуваше, а постојано беше свиткан над своите планови и пресметки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Помисливме дека завеса од ниски облаци се спуштила над Париз, но не беше така.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Никој не знае што му е, дали е болест или некакви грижи, затоа што тој стануваше сѐ понедостапен и забораваше и се откажуваше од некои работи, што ги беше започнал и во самиот Цариград.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На крајот го предупреди за чудната опсесија на Марија со телефонирањето. – Угодувајте ѝ – рече. – Не грижете се, докторе – рече Сатурн радосно. – Тоа ми е специјалност.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се чудам колку луѓето стануваат сѐ подалечни. Помалку се комуницира.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Како што атмосферата стануваше сѐ повесела, газдата Вајс ја креваше чашата и му наздравуваше на персоналот, но поради слепилото, раката му одеше малку понастрана од масата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А и самиот со секој ден стануваше сѐ поневнимателен, сѐ позанесен од работата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во домот секој ден стануваше сѐ понеиздржливо, поневозможно.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Едноставно таквите луѓе се полни со страв, се напрегаат над своите способности, живеат во штрек, од ден на ден стануваат сѐ побездушни, послепи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Зборувајќи за Чинго непрестано посакуваме да забележиме дека понесените загрижените и поетски раскази на Чинго се одликуваат и со едно својство што денес станува сѐ поретко: тоа се покрај другото убави раскази што оставаат длабоки траги и во свеста и во срцето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
1 Следствено на драматскиот идентитет на динамикиве, една перцепција наликува на некоја партикула: актуалните перцепции се опкружуваат со цела небула од виртуални слики кои се дистрибуираат со подвижни кола колку повеќе се оддалечуваат, стануваат сѐ пошироки, се градат и разградуваат.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
На крајот од овој век, меѓутоа, сведоци сме на спротивни тврдења: Пол Фаерабенд и други се залагаат за „науката како уметност”, а задачите на дизајнот - којшто, како и некогаш, претставува уметнички момент внатре во занаетчиството, односно индустријата - стануваат сѐ пообемни и поприсутни.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Амбасадорите на Европската Унија, тогаш во помал број имаа свои облици на дејствување.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И ние, амбасадорите на неврзаните земји (Индија, Индонезија, Египет, Алжир и Југославија), се состанувавме еднаш во неделата, во различна амбасада за да ги разгледуваме актуелните политички и меѓународни прашања од областа на движењето на неврзаните, чија криза стануваше сѐ поочигледна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Знаеш ли дека Новоговорот е единствениот јазик на светот, чиј речник станува сѐ помал секоја година?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Набргу беше во состојба да препешачи три километри, измерени со чекори низ ќелијата, а неговите свиткани раменици стануваа сѐ поисправени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И иако сето тоа стануваше сѐ понеподносливо со стареењето на неговото тело, зарем не беше доволен знак дека ова не е природен поредок на нештата ако срцето на човекот му се стега од неудобност, од нечистотија и од недостиг, од бескрајните зими, од лепливоста на чорапите, од лифтовите кои никогаш не работат, од студената вода, од лутиот сапун, од цигарите што се истресуваат, од храната со нејзиниот необичен, гаден вкус ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Очите стануваа сѐ поголеми и сѐ посјајни. Наеднаш тој полета од своето седиште, нурна во очите и исчезна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
4. Се чувствуваше многу подобро. Се пополнуваше и стануваше сѐ посилен секој ден, ако воопшто можеше да се зборува за денови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но секогаш - не заборавај го тоа, Винстоне - секогаш ќе постои пијанството на власта, кое постојано ќе расте и постојано ќе станува сѐ посуптилно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
LVI Како што минуваше времето и мисијата се ближеше при крајот, Татко и Климент Камилски стануваа сѐ поуверени дека со секој нов толкуван ориентализам во балканските јазици навлегуваа во тајни на долговечното османско време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И во навидум старите и заборавани ориентализими, нивното потиснувано значење, често неуспешно заменувано со новите јазични чистења, предизвикани од историски промени, револуции и ослободителни борби, во темелната и објективна потрага на Татко и Камилски, избиваа, се наложуваа, ја сугерираа спрегата со старите зборови во подновените, стандардните јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По нејзиното доаѓање дел од основните методи на дотогашната работа, што се потпираа на долгогодишното искуство, или го изгубија своето значење, или бараа неодложно прилагодување на непредвидливите ситуации, но многу позбунувачки беше тоа што се случи со началникот Круме Волнаровски: јас станував сѐ повеќе несигурен и неспокоен, затворен и оттуѓен, лош кон другите и кон себе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се сеќавав во тие мигови дека ова прашање, додека бевме заедно, често си го поставувавме изземајќи се самите себе од можноста да завршиме во мрежата која од ден во ден стануваше сѐ погуста од случајни или намерни учесници во играта.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јадевме со сласт која надополнуваше нешто непрашано или некажано, така барем ми се чинеше, но таа претпоставка за мене стануваше сѐ понебитна пред комичната слика во која доминираа задебелените црвени мрсни усни на Крумета развлечени под мустаците како пренапната пластика низ која, постепено, неговиот длабок, затемнет глас се раздробуваше во рапав, метален кикот кој повремено се слеваше во три обични збора: „и така натаму”.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се чинеше дека колку поневолни беа неговите постапки, свесноста за она што го прави станува сѐ појасна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Така, со губењето на чувството за повраќање, со множењето на деновите, со оддалечувањето од настанот во нивата, стануваа сѐ поретки и обидите да се исфрли она што веќе растеше во неа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Не можете да изберете дали да надградувате или не, морате да го сторите тоа, дури и ако не ви се допаѓа, зашто технологијата е нешто во што стануваме сѐ повеќе и повеќе вовлечени.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Малку по малку стануваа сѐ послободии и поблиски еден до друг без да ја наѕираат причината. Почнаа слободно да се гледаат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Потоа, со години, веќе не се зборуваше за Мајка Те­реза во родното маало, по заминувањето на нејзината блиска рода, макар што нејзината слава во светот стануваше сѐ поголема, особено по нејзиното добивање на Нобелова­та награда за мир, во 1979 година, добивајќи ја и во името на сиромашните.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во куќата на нејзиниот татко и на маќеата, во Лесковик, откако се вратила од Солун, станувала сѐ потивка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Рожбите ја зајакнуваа. Нејзиното кревко тело, од рожба во рожба, стануваше сѐ појако, но и грижите беа поголеми.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но и надежта стануваше сѐ помала.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Долината се шири и станува сѐ поголема собирајќи го во себе зрното на мојата семка.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Секој ден ми станува сѐ појасно, велеше тетка Боса, дека всушност смртта со своето однесување сака само да покаже дека се труди да внесе темелност во своите постапки!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Крај џадето, од обете страни, навалицата станува сѐ поголема, сѐ поцрна.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Зад иконата во собата, Висар наоѓаше црковни книги; читајќи ги, му стануваа сѐ поинтересни: соништата сега му беа исполнети со рајски убавини и чуда; тие книги сега не му даваа време да размислува за смртта, за стравот од Зенула; престана да размислува што ќе биде кога ќе му го забуца куршумот Зенула: како ќе изгледа тој бодеж: ќе личи ли на трн, на игла или на врв со нож; и кај може куршумот да го погоди: ако го погоди во нога - ништо, ако го погоди в рака - пак ништо; знае дека можат луѓето и без рака и без нога; но ако куршумот го погоди в глава, в срце, што навистина се случува тогаш со човека: како настапува смртта, како изгледа тој миг?
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Не попушташе ни Грдан. Расправиите стануваа сѐ пожолчни.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тие, пак тие ветрови, а ние со годините стануваме сѐ почувствителни на едноличност.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Тогаш чувствувам како завојот ми натежнува и како една капка црвена крв ми паѓа врз коленото.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Станував сѐ погрда и погрда, а очите ми натежнуваа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јас не слушав туку само пцуев и го држев окото, обидувајќи се да почувствувам дали нешто не ми е во ред со клепката.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа просторот под мишките престана да гори и почна да се лади, а со секое снижување на температурата се чинеше дека реата станува сѐ посилна и посилна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Како што го кажуваше тоа, сакав да го покријам задникот со блузата, но го местев неговиот лизгав капут врз закачалката, а тој паѓаше ли паѓаше, а јас се наведнував ли се наведнував, станувајќи сѐ поголема и поголема топка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Како што го правеше тоа, дишењето му стануваше сѐ погласно и погласно, сѐ дури не почнеше да ми го гризе задниот дел од вратот кога почнуваше да влегува во мене.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ако де, ќе ја решиш на табла.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Како да имав грутка во стомакот и во градите која стануваше сѐ потешка и потешка, и како што тежината се зголемуваше и ’ржењето стануваше сѐ погласно и погласно.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Прекрасниот цвет на лицето на Нова Година од ден на ден стануваше сѐ поневесел, свенат.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Потокот што се влева во Маркова Река, веднаш под мостот во близината на селото Батинци, е зголемен со темна и видливо мрсна вода, чијшто мирис станува сѐ посилен доколку се оди кон неговиот горен тек поблиску до депонијата Дрисла.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тој формирал девет бановини, на чие чело се наоѓале гувернери (банови), назначени од кралот и имало Сенат составен од луѓе препорачани од полициските власти.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, тие констатирале и дека кон крајот на 1929 година „кралот Александар признал дека федералистичкото движење станува сѐ посилно и посилно и решил да го прикрие својот централизам со инаугурирање на вештачка поделба на државата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Неколкупати се обидува да се сврти, да се преврти, да се фати за нешто, да се прибере, да застане на колена, да се исправи, ама со секое движење станува сѐ послаба, сѐ поистоштена и чувствува дека мракот околу неа станува сѐ погуст, дека ја притиска кон земјата, ја стега за грло, ја дави.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Крцка, се дроби под нивните нозе и чекорот станува сѐ потежок.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се крши под нозете и со секој изминат чекор станува сѐ позвучен.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Почувствува дека нешто го пече, се обидува да се подигне, по мракот станува сѐ погуст.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Тргнувај!!! - падна команда. Тргнаа. Со секој изоден чекор забележуваат дека носилката станува сѐ потешка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На перонот останаа тие мои најасакани суштества на светот, а нивните раце правеа движења како птици во лет и стануваа сѐ подалечни и едвај видливи.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
DD ПТ: Колкав е тиражот сега? DD ЕВ: 170.000. Часописот станува сѐ поголем. DD ПТ: Какви часописи читате? DD ЕВ: Едноставно, читам сѐ.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тоа стануваше сѐ повидливо во преостанатиот тек на патувањето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Белич бргу протна глава низ прозорец: далеку уште во темнината некаде, трепкаше мижлива светлина, која жто стануваше сѐ поголема, поблиска. Станица! Спасени се!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Популарната култура наводно претставува најголема закана за општеството; меѓу другото е наводно виновна за тоа што младината сѐ помалку чита и станува сѐ поглупава.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Можеби младината е навистина глупава, но не до толку да ги употребува оние медии што тврдат дека најинтересните работи во нивниот живот се глупави и опасни. Katz повеќепати докажал дека е сигурен апологет на популарната култура.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неговите судови се, разбирливо, честопати нагласено претерани и еднострани (прашање е дали младината навистина така сама од себе разбира дека составен дел на културните пораки се и претерувањето и шокантноста), а и покрај тоа бројните податоци што ги наведува се мошне важни за расправата за ефектите на популарната култура: “Според податоците на ревијата American Demograph- ics, помладите возрасни се полиберални од своите родители - вклучувајќи ги и припадниците на бејби-боом генерацијата, од којашто произлегува поголемиот дел од денешните новинари на централните медии.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Вие сѐ почесто слушате дека природата, средината во која живееме, станува сѐ позагадена, посиромашна.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тој поослободено се вслуша во неговото збамборено раскажување за родниот Дубровник, и колку што тоа напредуваше, рибарот стануваше сѐ повеќе заинтересиран, небаре наскоро и самиот ќе отпатува таму со карванот на Марин Крусиќ.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Ама, бастунов ми станува сѐ почест придружник, па наместо јас кај моите анами, тие доаѓаат кај мене.“ Се удри по бастунот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Надвор шумеше реката, црцореа птиците, се валкаа драскотливо одвлечените гранки од бозелот, и звуците стануваа сѐ посилни, како да се наткреваше сводот небесен давајќи им простор и широчина, за да се чујат што посилно, како и болките на луѓето што се таеле, а наеднаш ќе се истушат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На братучедите им стануваше сѐ потажно.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Зашто тапото тропање на камчето во матарката на Шишмана, колку да беше стивнато, во ушите на Французот стануваше сѐ почујно.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Упорно пиев од водичката, што ми беше за чистење на негативната енергија и влијанија. Упорно животот ми стануваше сѐ похаотичен.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Кога подигнат во Ламија споменик на некој херој за грчката независност, Грците се чуваат како од оган во своите говори да го спомнат некогашниот ентузијазам и желбата за одмазда; кога ги слуша човек, би помислил дека Дијакос, Колокотронис ... (херои од времето на Грчкото востание во 1821 тодина против османското ропство - б.м.) беа најверните пријатели на Портата, најсрдечни слуги на џелатот... не разбираат ли тие дека од ден на ден станува сѐ потешко да се застапува нивната кауза пред цивилизираниот свет“...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И глеј, чекорите на мечката стануваат сѐ побавни, потивки. Се изморила, можеби, ќе си оди.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Но, не само што не се врати на старо, туку стануваше сѐ бетер и бетер.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Колку што можев ги избегнував или ги заобиколував прашањата и нападите од овој вид, но тоа стануваше сѐ потешко и потешко.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И натаму беше добра, насмеана, љубезна и мила, но некако поинаку, постудена, би рекла, подалечна беше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Изгледав ненормална во нивни очи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)